fbpx

Трамп и Путин телефонски разговараа за Северна Кореја

-

Претседателот на Русија, Владимир Путин и американскиот претседател, Доналд Трамп телефонски разговарале, потврди Кремљ.

Тема на разговорот била ситуацијата поврзана со нуклеарната програма на Северна Кореја, како и актуелните прашања од билатералните односи. Разговорите ги иницирала американската страна, а како што пренесуваат светските агенции, истите ќе бидат продолжени.

И Белата куќа соопшти дека Трамп и Путин вчера разговарале телефонски, како и дека американскиот претседател му се заблагодарил на својот руски колега што на редовната годишна конференција, одржана неколку часа пред разговорот на, ги „признал големите економски успеси на Америка“.
„Претседателите разговараа за заедничко решавање на особено опасната ситуација во Северна Кореја“, наведе Белата куќа.

Путин вчера ја одржа традиционалната годишна прес-конференција, на која акредитирани беа 1.640 новинари од цел свет. Тој говореше за сите теми, а меѓу другото беше прашан и за односите со САД, Трамп, „шпионската војна“ меѓу двете земји. Путин во еден од одговорите дури и го пофали Трамп и тоа што американскиот претседател досега го правел и додаде дека со него би можел да премине на „ти“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...