fbpx

Трамп: Американскиот судски систем е неправеден

-

Претседателот на САД, Доналд Трамп го критикуваше американскиот судски систем велејќи дека тој е неправеден. Трамп ова го изјави по одлуката на судот во Сан Франциско привремено да го блокира неговиот план за укинување на програмата која ги штити младите имигранти од депортација.

„Тоа само покажува колку нашиот судски систем e скршен и нефер“, напиша Трамп на „Твитер“.

Американскиот окружен судија за северниот округ Калифорнија, Вилијам Олсуп, во вторник го одобри барањето на Калифорнија и другите подносители на жалби да го спречи Трамп да ја укине програмата за младите мигранти.

Програмата штити околу 800.000 лица кои во САД влегле нелегално како деца или влегле со членови на нивните семејства на кои им истекла визата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...