fbpx

Трајчевски: Не планирам да поднесам оставка на барање на политичка партија

-

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелно услуги (ААВМУ), Зоран Трајчевски, денеска ги отфрли обвиненијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како и барањето да си поднесе оставка од раководната позиција.

– Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги работи во согласност со законите и не постои притисок врз медиумите. Не планирам да поднесам оставка на барање на лидер на политичка партија – изјави Трајчевски за „Мета“.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното обраќање по вториот круг од локалните избори, рече дека не ги признава резултатите и оти бара одржување на предвремени парламентарни избори според пржинскиот модел. Тој, исто така, побара и смена на директорот на ААВМУ, поради тоа што агенцијата не реагирала на притисоците што се вршеле врз медиумите за време на изборната кампања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...