fbpx

Трајчевски: Медиумите да не заземаат страни за време на референдумот

-

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски на денешната прес-конференција повика медиумите за време на референдумот да известуваат професионално, да не заземаат страни при известувањето како и да не се води пропаганда дека се урива Уставот на РМ.

– Очекуваме непристрасно и ненаметливо известување. Медиумите да не го наметнуваат своето мислење во информативните изданија. Радиодифузерите треба да го покриваат референдумот во согласност со одредбите и принципите утврдени со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како и Законот за референдум – рече Трајчевски.

Тој исто така истакна дека доколку медиумите објавуваат научни испитувања на јавното мислење односно анкети, јасно треба да биде напишан нарачателот на истата. Анкетите можат да бидат пуштени во етерот најдоцна 5 дена пред референдумот. Тој исто така истакна дека доколку медиумите објавуваат научни испитувања на јавното мислење односно анкети, јасно треба да биде напишан нарачателот на истата. Анкетите можат да бидат пуштени во етерот најдоцна 5 дена пред референдумот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И годинава документите за упис во средно ќе треба да се достават и електронски и во хартиена форма

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши...