fbpx

Трајановски: Континуирaно работиме на подобрување на безбедноста во сообраќајот

-

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Стојче Стаменковски, директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски, како и претставници на МВР и на секторот за сообраќај на Град Скопје, денеска одржаа состанок за зголемување на безбедноста во сообраќајот во Скопје.

Трајановски рече дека Градот Скопје во изминатиов период изгради и прошири многу улици и булевари според сите стандарди за безбедност во сообраќајот, реконструира пешачки и велосипедски патеки, поставиле хоризонтална и вертикална сигнализација.

– Ја свикав оваа средба за со министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, и со претставниците од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата да дискутираме за безбедноста на сообраќајот во Скопје. Сакам да изразам жалење за загубата на човечки животи во сообраќајни несреќи и сакам да истакнам да не се прави политика од ваквите несреќни случаи. Градот Скопје го почна големиот проект за унапредување на велосипедската инфраструктура во Скопје и за зголемување на безбедноста во велосипедскиот сообраќај – „Скопје велоград 2017“. Со овој проект по должината на градските улици и булевари ќе се оформат четири главни велосипедски рути: Гази Баба-Центар-Карпош; Аеродром-Центар-Карпош-Ѓорче Петров; Кисела Вода-Центар-Карпош; Бутел-Чаир-Центар, како и седум конектори. До 2017 година ќе се реконструираат вкупно 51 километар велосипедски патеки во Скопје – рече Трајановски.

Трајановски додаде дека на средбата со министерот Чавков утврдиле заклучоци за чиешто решавање се формирани и работни групи, а првиот чекор е да се направи мапирање на црните точки во сообраќајот – анализа што треба да биде готова до 15 октомври.

Министерот за внатрешни работи Чавков на состанокот информираше за засилените активности, кои МВР ги презема на територијата на градот Скопје, како и заклучоците донесени врз основа на анализи на преземените активности.

–  Од извршените анализи, констатирано е дека најчеста причина за случување сообраќајни незгоди со потешки последици на подрачјето на Скопје е човечкиот фактор, односно брзото возење, непочитување на правилата за првенство на минување, како и управувањето возила под дејство на алкохол. Во делот на урбаните средини, предложено е намалување на брзината на движење на јавен пат во населено место од 60 на 50 километри на час, а доколку не се почитува ова ограничување, ќе се изрече глоба во вредност од 400 евра или 65 негативни поени. Особено е важно што без разлика дали возачот ќе реши да ја плати глобата или да впише негативни поени, за него почнува постапка пред надлежен орган за забрана за управување со возило, во период од 6 до 12 месеци – изјави министерот Чавков.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од човек во воз не го прикажува Пригожин, ниту пак, докажува дека тој е жив

Иако човекот на фотографијата наликува на шефот на Вагнер, сепак на фотографијата има детаљ кој покажува дека не се работи за него. Како што пишува Њузвик, ушите на Пригожин се поинакви...