fbpx

Трајанов: Службите треба да ги пресретнат џихадистите повратници

-

Не треба да чекаме нешто да се случи, па потоа да реагираме. Верските заедници, политичките партии, институциите, невладиниот сектор треба да работат на одвраќање на џихадистите повратници од евентуални акции. Од особена важност се и активностите, на превентивен план, контраразузнавачките и разузнавачките служби, во прибирањето информации и во соработкато со силните европски и светски служби и со оние од регионот – вели за „Мета“ Павле Трајанов, пратеник и поранешен министер за внатрешни работи.

Самиот факт дека македонски граѓани се борат на страната на Исламска држава (ИД) на Блискиот Исток, јасно говори дека и Македонија не е поштедена од ризикот за нивно активирање. Терористичките ќелии деновиве се цел на антитерористички акции во земјите од Европска Унија.

Според Трајанов, моменталните проценки се дека стотина македонски граѓани учестуваат во воените дејства во Сирија и во Ирак, во редовите на ИД и се вклучени во злосторствата на организацијата.

– Десетина од нив загинаа, а дел се вратени во Македонија. Дали ќе дејствуваат, тоа никој не може да го каже, но со самото тоа што биле дел од тие радикални структури, значи дека имаат врски со терористичката организација и можат да добијат инструкции да се активираат и овде, што само по себе значи дека имаме безбедносен проблем – вели Трајанов.

Според него, како држава, мораме да бидеме многу внимателни и насочени, пред сè, во превенцијата на потенцијални терористички акции, во што треба да бидат вклучени сите во државата.

– Заминување на граѓани од Македонија на воените жаришта во Сирија и во Ирак, како борци на ИД, првпат е регистрирано кон средината на 2012 година и досега во борбите на овој фронт загинале петнаесетина лица од земјата – изјави пред еден месец министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на министерскиот форум за внатрешни работи и за правда ЕУ – Западен Балкан, што се одржа во Белград, на кој тема беше и ризикот од странските терористички борци во Сирија и во Ирак.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...