fbpx

Трајанов: Груевски нè убедуваше дека прислушувале странски служби и мрачни сили

-

Поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, лани, веднаш откако опозицијата почна да ги објавува прислушуваните разговори, односно т.н. „бомби“, ги убедувал коалициските партнери дека прислушувањето го вршеле странски служби, тврди лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој денеска заедно со носителот на кандидатската листа на Коалицијата за промени и правда во четвртата изборна единица, Слободан Богоевски, оддржа прес-конференција пред зградата на Специјалното јавно обвинителство.

Одговарајќи на новинарско прашање дали како коалициски партнер му поверувал на Груевски за странските служби и за жолтите комбиња, Трајанов рече дека не наседнал на таквите приказни и дека тоа била една од причините поради кои се дистанцирале од ВМРО-ДПМНЕ.

– Пред да се обелодени дека има масовно прислушување, имавме такви информации и јас разговарав со Груевски дека постојат информации кои се пробиени од МВР, дека се одлеани тие инфоrмации и дека со нив располага опозицијата и дека треба да се преземат одредени мерки за да се надмине тоа. Во наредниот период, трипати разговаравме и, да речеме, тој успеал да ја убеди Лилјана Поповска (претседателката на ДОМ н.з.) дека прислушувањето го вршеле странски мрачни сили. Меѓутоа, кога јас разговарав, отворено кажав дека прислушувањето е правено од Министерството за внатрешни работи и не прифатив да бидам изманипулиран дека прислушувањето е правено од странски служби. Тоа беше причина ние да изградиме чист политички став и да бараме расчистување на аферата докрај и сите што се инволвирани да понесат и политичка и кривична одговорност, а тоа е причината поради која ние како политичка партија се дистанциравме од ВМРО-ДПМНЕ – изјави Трајанов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...