fbpx

Трајанов, Богоевски и Кекеновски, носители на листи на Коалицијата за промени и правда

-

Коалицијата за промени и правда на Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС и на МОРО Работничка партија, вечерва на конвенција во Скопје, под мотото „Не грижете се, режимот паѓа“, ги објави носителите на кандидатските листи за пратеници за претстојните парламентарни избори на 11 декември.

Носител на листата во првата изборна единица ќе биде лидерот на ДС, Павле Трајанов, во изборната едница 2, носител ќе биде Јове Кекеновски од ФРОДЕМ, во тројката листата ќе ја предводи Весна Стојменовска, а во четвртата носител ќе биде поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Слободан Богоевски. Коалицијата за промени и правда во петтата изборна едница ќе ја предводи Александар Делов, а во шестката Бранко Мајсторовски.

„Деновиве слушам дека некој сакал да избега од избори. Им порачувам на тие што раководат со ВМРО-ДПМНЕ, нема бегање од народот, мора да се соочат со народот. На 11 декември мора да го признаат и да го прифатат поразот, народот нив ќе ги порази. Слушам дека Никола Груевски сакал да бега од Скопје, не сака да се соочи со мене и со Стево Пендаровски, сакал да бега во четвртата изборна единица, но таму ќе го пречека Слободан Богоевски и уште полошо ќе помине“, рече Трајанов, пренесува „А1он“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....