fbpx

Традиционална манифестација во чест на лицата со хендикеп

-

Осмото издание на манифестацијата „Различни,а еднакви“ ќе се одржи в понеделник, 15 декември 2014 година, во Домот на Армијата со почеток во 19.30 часот.

Ќе им бидат доделени награди на лица со хендикеп кои постигнале видни резултати во одредена област, а во богатата програма ќе учествуваат: Здружението за лица со церебрална парализа од Велес, лица со оштетен слух и говор од училиштето „Партение Зографски“, Училиштето за слепи и за слабовидни лица „Димитар Влахов“ од Скопје, Дом за деца без родители од Скопје, „Порака Неготино“ од Неготино, Завод за рехабилитација на деца и млади од Скопје, ОУ „Христо Узунов“ од Охрид, Дневен центар за лица со посебни потреби од Пробиштип и Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип, Даниел Тошевски со СГГУ „Здравко Цветковски“, ОУ „Јордан Хаџи-Константинов“ од Велес, градинката „Мајски цвет“ Скопје, како и Зоран Џорлев, Вики Среброва, бендот „Ај кју“, Александар Белов, Мики Секуловски, Јулија, Оги Здравковски, балетското студио „Еурека“, танцовиот клуб „Бранимир и Бранкица“, хорот „Елегија“, руското КУД „Славјанка“, „Бионд паркур“ Скопје…Водителка на програмата ќе биде Ирена Спировска.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...