fbpx

„Тополки“: Концесискиот договор го потпишавме со владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

-

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и одредени медиуми шират невистини за работата на друштвото „МХЕ Тополки“ служејќи се со фотографии од хидроелектрана која има правосилно одобрение за градење од април 2017 година, потпишано од тогашниот министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски, во владата предводена од ВМРО-ДМПНЕ, реагираат од компанијата на прес-конференцијата на Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се вели дека фотографиите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прикажува од оваа хидроелектрана се од сосема друга мала хидроелектрана.

„Фотографиите кои ги приложуваат од терен се од „МХЕ Тополка 317“, за која е добиено правосилно одобрение за градење од 13 април, односно пред пет месеци. Почитувајќи ги законските постапки, „МХЕ Тополки“ на 20 април ги извести сите државни институции и инспекторати за почнувањето на изградбата на „МХЕ Тополка 317“. Друштвото „МХЕ Тополки“ работи според обврските и динамиката одредени во концесискиот договор потпишан со владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште во 2015 година“, се вели во соопштението на компанијата.

Од таму додаваат дека тие како фирма се само една од многуте македонски компании кои последниве месеци јавно говорат за репресиите и проблемите што ги имале со претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

„За секое понатамошно ширење невистини и неосновани обвинувања за друштвото „МХЕ Тополки“, ќе поведеме соодветни судски постапки“, велат од компанијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...