fbpx

Топло време со умерена облачност

-

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните и јужните делови ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од девет до 16, дневната од 27 до 32 Целзиусови степена.

Во Скопје сончево и топло, попладне со умерена облачност. Попладне малку ќе има зголемена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 31 Целзиусов степен.

До утре во попладневните делови од денот и особено во крајните западни и јужни делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, а во петок ќе има и зголемување на облачноста. Во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси. До утре кога ќе биде и најтопло дневните температури ќе бидат во благ пораст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...