Топло време денеска, со температури до 25 степени


       
Скопје, 4 април, 2018 - 10:01 (META) 

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност и максимални температури од 19 до 25 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Во Скопје ќе има сончево време со слаб југоисточен ветер и температури до 23 Целзиусови степени.

В четврток ќе биде топло, а попладнето ќе има зголемување на облачноста со локален дожд и ретки грмежи. В петок ќе има врнежи од дожд со услови за појава на локална нестабилност.