fbpx

Тони Јакимовски, осомничен во „Тврдина“ денеска на распит во СЈО

-

Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и второосомничен меѓу петте во случајот „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, денеска дојде на распит во СЈО, јавува „Сакам да кажам“ .

Јакимовски е и еден од 56-те помилувани на листата за колективна аболиција на претседателот Ѓорѓе Иванов што сега е повлечена.

„Тврдина“ е третата истрага на СЈО, што ја објави на 30 март, со петмина осомничени кои се товарат дека лани ја искористиле својата службена положба за да ја уништат опремата од нелегалното прислушување, вредна 10 милиони евра. Првоосомничен е Горан Грујовски, кој беше началник на Петтата управа на МВР, а кого министерот Митко Чавков го разреши на 20 јули, второосомничен е Јакимовски, третоосомничена е поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, четвртоосомничен е вработен во МВР кој обезбедил логистичка поддршка за спроведување на уништувањето на опремата, а петтосомничената е  техничка архиварка во МВР.

Јакимовски беше еден од тројцата осомничени во овој случај за кои СЈО бараше мерки на претпазливост и одземање на пасошите, но Кривичниот суд го одби барањето.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во понеделникот соопшти дека во периодот што следи ќе има зголемена фреквенција на лица во нејзиното Јавно Обвинителство, но таа нема да открива детали за предистражните постапки.

„Постапките се однесуваат на досега објавените и необјавени неовластено прислушувани разговори. Заради тајноста на предистражната постапка, поконкретни детали нема да се откриваат“, соопшти Јанева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...