fbpx

Токсичен облак над Барселона по експлозија во фабрика за хемикалии

-

Најмалку три лица се повредени при експлозија во фабрика за хемикалии во Шпанија, која резултирала со токсичен портокалов облак. Властите апелираат жителите во околината на Барселона да не излегуваат надвор.

Инцидентот бил предизвикан од две хемикалии кои ненамерно биле измешани при испорака, соопштија властите во Каталонија.

Експлозијата резултирала со создавање дебел портокалов облак. Властите веднаш апелираа граѓаните да не излегуваат надвор и да ги затворат своите прозорци, а, исто така, затворија неколку патишта.
Една од двете хемикалии што ја предизвикале експлозијата била азотна киселина, која има корозивно и токсично дејство.

#IGUALADA #SIMAR accidente laboral en empresa Población confinada

A video posted by Newton, #cats & #DiY (@laprofe987) on

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...