fbpx

Тодоров: Поставувањето на оградата е во согласност со одлуките на ЕУ

-

Министерот за здравство, Никола Тодоров, кој е раководител на управувачкиот комитет за справување со мигрантската криза и заменик-министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, попладнево пристигнаа во Гевгелија каде неколку часа претходно магрантите се судрија со полицијата поради поставувањето на жичаната ограда кај котата 59 на границата со Грција.

Состојбата на јужната граница сега е мирна, но со засилено присуство на специјалните полициски сили кај котата 59.

Во инцидентот, како што предходно информираа од МВР, повредени се 18 полициски службеници, а биле демолирани и неколку полициски и армиски возила.

Полицијата со кордон, а потоа и со шок бомби интервенирала кон групата од стотина мигранти кои од грчката страна на границата ги нападаа и ги каменуваат припадниците безбедносните сили.

– Со употреба на сила предизвикан е инцидент во кој што полесно се повредени припадници на безбедносните сили кои што согласно Уставот и согласно законот имаат право и обврска да ја чуваат и обезбедуваат државната граница. Да ја штитат Република Македонија, но, во исто време да помогнеме и на нашите пријатели и партнери од Европската унија. Безбедноста и хуманоста не се исклучуваат, тие одат заедно и за нас се подеднакво значајни – изјави Тодоров, кој потенцираше дека поставувањето на оградата е заради поголема безбедност и контрола на мигрантите кои влегуваат на македонска територија и е во согласност со одлуките на другите земји-членки на ЕУ, како и на земјите на балканската рута.

Армијата на Република Македонија (АРМ) утрово почна со поставување жичена ограда од левата и од десната страна на кота 59 на македонско-грчката граница за да се спречат економските мигранти илегално да влегуваат во земјава и за насочување на бегалците кон контролните пунктови заради нивна регистрација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...