fbpx

Тодоров одобри да се направи нова обдукција на телото на Дениса

-

Институтот за судска медицина добил овластување од министерот за здравство, Никола Тодоров, да направи обдукција и ДНК-анализа на телото на Дениса Маркоска.

Директорот на Институтот, Алексеј Дума, изјави дека министерот нагласил дека треба да им излезе во пресрет на барањата на семејството Маркоски.

Во изминативе 24 часа, нејзиното семејство побара помош од премиерот Никола Груевски. Тие побараа од него да одобри нова обдукција за да ја дознаат причината за смртта на нивната ќерка.

Дениса Маркоска исчезна од бродот „Серенисима“ на 12 септември годинава. Две недели подоцна, нејзиното тело беше најдено во Средоземно Море. Првата обдукција на грчките патолози засега не ја откри причината за смртта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...