fbpx

Тодоров: ДИК испраќа невини луѓе во затвор заради политичките амбиции на СДСМ

-

„Со незаконската одлука за графолошко вештачење не само што Државната изборна комисија (ДИК) активно се вклучи во фалсификување на волјата на народот, туку испраќа во затвор невини луѓе само за да ги задоволи политичките амбиции на СДСМ“, изјави денеска на прес-конференција носителот на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица, Никола Тодоров.

– Со одлуката да се врши графолошко вештачење, ДИК изрази сомнеж дека членовите на избирачкиот одбор дале лажни изјави дека граѓанката се појавила по втор пат на гласање. Јавноста вчера виде дека присутните членови на избирачкиот одбор и по идентификација, и по лична карта и по проверка со УВ-ламба утврдиле дека граѓанката веќе еднаш гласала и има траги од спреј на прстот. Сега ДИК го оспорува нивниот исказ и заради нарушување на изборниот процес, ги праќа во затвор Берат Усеини, Катерина Миноска, Емсија Абас, Богица Василеска, Тања Ѓурчиноска, Златко Ѓорѓески и Ајсел Мемеди, кои се членови на избирачкиот одбор, заменици членови и набљудувачи – рече Тодоров.

Тој посочи дека гласачката од Гостивар, Фатиме Сулејмани, не пријавила дека ја изгубила личната карта ниту дека некој ѝ ја украл.

– Таа лична карта е заведена во избирачкиот список и многу е веројатно согласно исказите на сите членови на избирачкиот одбор, јавно кажани вчера, дека таа лична карта е искористена за гласање. Ова е изборниот инженеринг за кој предупредувавме како ВМРО-ДПМНЕ. Ова е сценариото на постизборен инженеринг што треба да биде реализиран по нечија наредба – рече Тодоров.

Тодоров упати прашања до членовите на ДИК, дали знаат кој ја донел Сулејмани вчера да сведочи пред комисијата и дека е можно некој да ја злоупотребува.

– Дали членовите на ДИК знаат кој ја донесе граѓанката Фатиме Сулејмани во Скопје? Дали знаат дека таа стигна со ново „ауди а8“? И дали знаат чие е тоа „ауди а8“? Дали знаат каде во моментот е еден од синовите на Фатиме Сулејмани? Дали знаат дека е можно некој да ја злоупотреби Фатиме Сулејмани и преку валкани игри да ја вклучи во вакви незаконски игри? За сè ова постои и морална и материјална и кривична одговорност. Дали ќе ви биде чиста совеста само заради потребата од изборен инжинеринг да испратите во затвор седум невини луѓе? – рече Тодоров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...