!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

ТМРО: Собранието уште во 1995 година се откажа од Македонците во соседните земји


       
Скопје, 30 јули, 2017 - 12:25 (META) 

Очекувањата на македонската јавност дека во договорот за добрососедство со Бугарија ќе стои и признавање на македонскиот народ во Бугарија се забетонирани уште на 5 октомври 1995 година, реагираат денеска од ТМРО.

– Нема потреба да се лаже и да се крие вистината од народот за оваа договорена игра пред две децении, кој очигледно долги години се манипулира. ТМРО ја потсетува домашната јавност дека на 5 октомври 1995 г. или само два дена по атентатот над претседателот Киро Глигоров, тогашниот парламент неочекувано едногласно го смени државното шеснаесеткрако сонце, но и го смени Уставот и член 49 со кој се откажавме од Македонците во соседните држави“, велат од ТМРО.

Од партијата истакнуваат дека одговорот на прашањето зошто овој член од Уставот е отстранет треба да се бара од тогашна политичка гарнитура во Македонија.

„Околу деталите на оваа разузнавачко предавничка операција со катастрофални последици денес, одговор треба да дадат Бранко Црвенковски, Стојан Андов и Љубчо Георгиевски или поточно КСИО при ДПМНЕ, кои како тогашна опозиција, треба да објаснат зошто во 1994 г. се бојкотирани изборите со што свесно е овозможено двотретинско мнозинство – единствено досега, кое тогаш го смени уставот, а последиците доаѓаат денес“, велат од ТМРО.