fbpx

ТМ: Долгот постојано се зголемува и покрај предупредувањата да се намали

-

„Транспарентност Македонија“ предупредува на неправилности, непочитување на процедурите и на добрите практики во спроведувањето на јавните политики и на трошењето на јавните пари во општеството.

Во најновиот септемвриски билтен, предупредуваат дека јавниот сектор постојано го зголемува долгот, па во 2016 година, според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ќе достигне 49 проценти од домашниот бруто-производ (БДП), иако институцијата предупредува дека тој треба да се намали.

– Според септемврскиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), долгот на јавниот сектор речиси двојно се зголемил, достигнувајќи 43,3 проценти од БДП во 2014 година, односно надворешниот долг на земјата достигнал речиси 70 прцоенти од БДП, како одраз на задолжувањата на јавниот сектор и зголемувањето на долгот во компонентата на странските директни инвестиции. Извештајот на Светска банка, исто така, предвидува дека долгот на јавниот сектор во земјата до 2016 година, ќе се искачи до 49 проценти од БДП. Токму затоа, ММФ препорачува да се намали со темпото на трошење на јавните пари во наредниот период за да се обезбеди намалување на дефицитот во буџетот под 3 проценти од БДП, во согласност со среднорочната фискална стратегија и овозможување на одржливост во фискалните правила – велат од „Транспарентност“.

Усвоениот буџет за 2016 година, за плати на администрацијата предвидува повеќе од 420 милиони евра, за разлика од 2011 година, кога за оваа ставка биле одвоени 365 милиони евра, со што вкупниот трошок за плати на јавната администрација достигнува речиси 2,3 милијарди евра.

– Дополнително, последните неофицијални податоци укажуваат дека моментната бројка на вработени во јавниот сектор од речиси 185.000 претставува двојно зголемување на вработените од 2006 година до денес. Точната бројка на администрацијата треба допрва да се утврди со изработка на регистарот. Ова укажува на сериозен коруптивен ризик од политичка манипулација со државното вработување во јавниот сектор, особено во време на непосредни избори во земјата – додаваат од „Транспарентност Македонија“.

И Светска банка во последниот извештај за Македонија, нотираше дека константно високиот фискален дефицит е главниот двигател на зголемувањето на јавниот долг.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...