!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Тинејџер направил профил на покојник на „Фејсбук“, па им пишувал на роднините


       
Тетово, 31 јули, 2017 - 14:22 (META) 

Тинејџер од Тетово влезе во полицискиот билтен бидејќи направил лажен профил на „Фејсбук“ со податоци од покојник, па потоа преку него им пишувал на роднини и на пријатели на починатото лице.

СВР Тетово поднел известување за кривично дело злоупотреба на лични податоци против 15-годишникот, откако на 5 јули еден тетовец утврдил дека е направен лажен профил на неговиот покоен татко и го пријавил случајот. По пријавата, полицијата во соработка со „Телеком АД“ – Скопје, утврдила од која  ИП-адреса е отворен лажниот профил, по што е извршен претрес во домот на малолетникот.