Амбасадата на Кралството Холандија заедно со „Пивара Скопје“ и „Пакомак“ во утре на пладне ќе организира твит-ап за чистење на кејот на реката Вардар. Во акцијата за чистење на кејот од ѓубре и смет досега се пријавиле тимови од амбасадите на САД и на Велика Британија, соопштија од холандската амбасада.
Драги твитерџии, собирно место за акцијата ќе биде кејот на Вардар (одбојкарското игралиште зад локацијата на Луна Парк) – се гледаме во четврток во 12:00 часот! Ви благодариме за сите предлози – се надеваме на повеќе вакви акции! https://t.co/QmpbVwfeQz
— Dutch Embassy North Macedonia (@NLinSkopje) April 24, 2018
Од амбасадата велат дека по трет пат организираат акција за чистење, и дека годинава акцијата се совпаѓа со одбележување на Денот на кралот Вилем Александер.
Американскиот амбасадор Џес Бејли на „Твитер“ објави дека тимот од неговата амбасадата е среќен што може да се вклучи во активностите за чистење, организирани од неговиот колега Ваутер Пломп од амбасадата на Холандија.
A team from @usembassymkd looks forward to joining @NLinMacedonia @Pivara_Skopje, and @pakomakmk for the 'Clean-up Tweet-up' activity this Thursday. #EarthDay2018 https://t.co/Bpzlw85pqZ
— U.S. Ambassador to North Macedonia (@AmbBaily) April 23, 2018
Во претходните две акции организирани од холандската амбасада, се чистеше ѓубре и смет од кејот на Вардар и кај Езерото Матка. Во овие акции покрај вработените од амбасадата редовно учествува и амбасадорот на Холандија Ваутер Пломп, а во минатогодишната акција за чистење на Матка се вклучи и британскиот амбасадор Чарлс Гарет.
Пред неколку години холандската амбасада организираше и чистење на Маврово.