fbpx

Тимоние: Се надевам дека состојбата бргу ќе се деблокира

-

Се надевам дека состојбата во земјата набргу ќе се деблокира за да може државата да оди напред, вели францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние.

– Се надеваме дека состојбата ќе биде деблокирана колку што е можно побргу затоа што во оваа земја навистина има голема енергија, која би можела да се искористи за други работи, а не залудно да биде потрошена. Би можеле да се направат многу добри работи што не би оделе на штета на државата ниту, пак, би оделе на штета на европската иднина ниту на штета на Балканот. Мислете на младите, мислете на вашите претприемачи и да одиме заедно напред – рече Тимоние.

Францускиот амбасадор оваа изјава ја даде при неговата посета на Велес, кој од 11 до 19 март е домаќин на 44 ученици и професори од Франција во рамки на програмата за училишна размена помеѓу Велес и збратимениот француски град Шербур од Нормандија.

Нарекувајќи ги учениците млади амбасадори на своите земји, амбасадорот Тимоние информираше дека на средбата со градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев, се договарале и за соработка на учениците од Македонија и од Франција со ученици од Полска, со што училишната размена ќе се прошири на територијата на Европа.

– Ова ќе овозможи да се сретнат три Европи. Имаме што да научиме едни од други и можеме да бидеме промотори на мирот – рече амбасадорот Тимоние.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...