fbpx

Тимоние: Партиите што губат, лесно ја наоѓаат вината во невладините организации

-

„Кога една партија ги губи изборите или не победува како што посакувала, тогаш се обидува да си најде изговор, а медиумите или невладините организации се цел којашто најлесно се наоѓа. Тоа не е европски начин на размислување“, вели францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“.

Прашан за процесот на „десоросоизација“, како начин за пресметка со граѓанскиот сектор, Тимоние, меѓу другото, вели дека станува збор за многу лош збор.

– Навистина многу лош збор, дури имавте и тешкотија да го изговорите. Кога една партија ги губи изборите или не победува на нив како што посакувала, тогаш се обидува да си најде одговорен за тоа. И тоа може да му се случи и на некој политичар и од голема земја, кога го критикуваат. И медиумиге или невладините организации се цел којашто најлесно се наоѓа. Тоа не е размислување коешто е европско. Од друга страна, ќе кажам дека невладините организации треба да се однесуваат со доволна неутралност и особено да ги почитуваат законите во земјата – вели тој.

Во интервјуто додава дека не се чувствува засегнат од критиките и од обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека меѓународната заедница се меша во внатрешните работи на земјата.

За работата на Специјалното јавно обвинителство, вели дека било основано поради политичка криза.

– Во таа состојба која беше посебна и единствена, беше навистина неопходно да се основа специјална установа. Ќе напоменам дека тоа беше направено со согласност од сите големи политички партии и под своевидна гаранција на повеќе меѓународни фактори. И доколку СЈО е средство за излез од кризата, тогаш и неговиот мандат треба да биде продолжен со сите механизми што постојат во Собранието. За тоа е неопходно политичките партии да покажат одговорност, но и чувство за генералниот интерес – вели Тимоние.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...