fbpx

Тимоние: Не го разбрав законот за јазици, постои простор за подобрување на текстот

-

Мислам дека не сум единствениот што не успеал да го разбере законот за јазици, бидејќи се работи за многу комплициран текст, барем во однос на неговата содржина, но и на последиците и мислам дека постои простор за подобрување во самиот текст вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“.

Францускиот амбасадор вели дека сега доаѓа фазата на спроведување на рефрмските приоритети и дека тоа е најсложениот дел затоа што било изгубено големо количество енергија последните години.

Тој го поздравува фактот што ВМРО-ДПМНЕ присуствуваа на обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието

-Тоа се гестови коишто се важни зашто покажуваат единство кај македонското општество за постигнувањето на големите цели во земјата. Без да сакам да давам совети и да се мешам, мислам дека ќе треба од секоја страна да се направат чекори кон другиот, затоа што постојат можности во рамки на Собранието. Ќе кажам дека господинот Џафери покажува голема трпеливост и желба во начинот на функционирање на собранието и голема објективност од негова страна и добивам впечаток дека постојат сили во рамки на собранието и кај опозицијата и кај мнозинството коишто сакаат нормализирање на односите – вели Тимоние.

Тој вели дека бил постигнат забележителен напредок во македонско-грчките односи и смета дека тој напредок треба да се искористи.

– Морам да кажам дека новата Влада даде сè од себе за подобрување на односите со Атина. Забележавме дека и грчките власти исто така покажаа дух на отвореност, којшто е нешто ново нели, за создавање на поинаква клима, бидејќи нели за танго се потребни двајца, а и со самиот факт што е постигнат договор за да се најде решение, тоа е нешто што само по себе е позитивно. Од друга страна, пак, тоа изолирање, кое што е ономастично за Македонија, повеќе не е одржливо, особено не на долгорочен план, и мислам дека постои генерална согласност кај меѓународната заедница за да мислиме дека е неопходно решение, затоа што не можеме повеќе да прифатиме дека таа блокада би можела постојано да се повторува, затоа што тоа не е добро и за европската изградба и генерално за безбедноста на Унијата, и сега се наоѓаме во период во којшто, најверојатно, од секоја страна има вистинска добра волја – вели францускиот амбасадор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...