fbpx

Тимерманс: Границите на Западен Балкан треба да исчезнат за да се избегне иден конфликт

-

Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, изјави дека границите на Западен Балкан не треба да постојат и оти со нивно бришење ќе се избегнат идни конфликти во овој регион.

– Границите можат да бидат есенцијални, тие може да бидат важни, тие можат да бидат релативно важни, тие можат да бидат неважни, но денеска тие се постоечки. Доколку останат постоечки, имајќи го предвид составот на регионот во поглед на демографијата и на етничката припадност, тоа долгорочно гледано е рецепт за катастрофа – оцени Тимерманс.

Тој истакна дека една од убавините на евроинтеграциите е процесот на исчезнување на границите, кои остануваат важни, но едноставно повеќе не постојат.

– Tоа се случи меѓу Франција и Германија, меѓу сите други земји по падот на Берлинскиот ѕид, а тоа треба да го направиме и со Западен Балкан – рече Тимерманс.

Потпретседателот на Европската комисија истакна дека ќе остане посветен на процесот на интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

– Тоа нема да се случи во мандатот на оваа комисија. Жан-Клод Јункер беше многу јасен во однос на тоа, но ќе се случи во некое идно време – заклучи Тимерманс.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...