This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Mon Nov 20 0:09:49 2017 / +0000 GMT

Тилерсон се залага за затоплување на односите меѓу Вашингтон и Москва




Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон смета дека не треба да се продлабочува дипломатскиот јаз меѓу САД и Русија и дека земјите треба да почнат да работат на подобрувањето на односите.

- Мислам дека секретарот (Тилерсон) смета дека понатамошна ескалација не е неопходна во овој момент и оти се надеваме на напредок во иднина – изјави Хедер Нојерт, портпаролка на Стејт департментот.

Нојерт рече дека амбасадорот и специјален претставник на САД во разговорите со руските претставници за Северна Кореја, Џозеф Јун, ја посетил Москва за да се разгледаат начините како да се осуети нуклеарната и ракетната програма на Пјонгјанг.
Post date: 2017-09-13 11:02:36
Post date GMT: 2017-09-13 09:02:36
Post modified date: 2017-09-13 11:13:03
Post modified date GMT: 2017-09-13 09:13:03
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com