!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Тилерсон се залага за затоплување на односите меѓу Вашингтон и Москва


       
Вашингтон, 13 септември, 2017 - 11:02 (META) 

Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон смета дека не треба да се продлабочува дипломатскиот јаз меѓу САД и Русија и дека земјите треба да почнат да работат на подобрувањето на односите.

– Мислам дека секретарот (Тилерсон) смета дека понатамошна ескалација не е неопходна во овој момент и оти се надеваме на напредок во иднина – изјави Хедер Нојерт, портпаролка на Стејт департментот.

Нојерт рече дека амбасадорот и специјален претставник на САД во разговорите со руските претставници за Северна Кореја, Џозеф Јун, ја посетил Москва за да се разгледаат начините како да се осуети нуклеарната и ракетната програма на Пјонгјанг.