fbpx

Мицкоски користи неажурирани податоци од „Транспаренси Интернешнл“

-

Во текот на својот говор пред зградата на Владата на Република Македонија, а кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го одржа пред партиските членови и симпатизери во рамките на третиот протестен марш на оваа партија во средата на 12 декември 2018 година, тој ја даде и следнава крајно манипулативна и невистинита изјава, пишува „Вистиномер“.

Ќе речат реформи правеле во судството. 112-та земја според „Транспарентност Интернационал“. 112-та земја сме на ранг листата. Танзанија и Етиопија се пред нас. Ќе речат во Европа нѐ носеле. Не Европа, Африка ја донесоа во Македонија. Африка ја донесоа во Македонија. Ете тоа направија од европска Македонија. Афричка Македонија според степенот на корупција која што владее во моментот во Република Македонија.

Факт е дека последното рангирање на „Транспаренси Интернешнл“ (ТИ) не се однесува на периодот во кој СДСМ е на власт. Напротив. Ова истражување за перцепцијата на корпуцијата сѐ уште се однесува на периодот од пред доаѓањето на СДСМ на власт, односно се однесува на периодот кога токму ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.

Целата статија прочитајте ја на „Вистиномер.мк“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...