fbpx

ТХП против новиот косовски амбасадор, контроверзниот Ѓерѓ Дедај

-

Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) испрати писмо до претседателот Ѓорге Иванов и до министерот за надворешни работи Никола Димитров и побара во рамките на своите можности да го спречат назначувањето на досегашниот заменик-министер за надворешни работи на Косово, Ѓерѓ Дедај, на функцијата амбасадор во Македонија.

„Партијата за движење на Турците во Македонија, како и целата турска јавност во Македонија, но и пошироко, со голема доза на разочараност и огорченост ја примивме веста дека новиот амбасадор на Косово во Македонија ќе биде токму лицето Ѓерѓ Дедај, кој претходно додека ја вршеше функцијата заменик министер на Косово во повеќе наврати даде скандалозни, навредливи, крајно фашистички изјави кон турскиот народ. Категорични сме дека човек кој има ваков фашизоиден и примитивен ментален склоп во ниту еден случај не смее да биде амбасадор во нашата земја која во сите сегменти максимално се труди да ја негува и промовира мултиетничноста како една голема придобивка за целото општество“, се вели во писмото.

Од партијата, чиј претседател е Енес Ибрахим, се вели дека прифаќањето на Дедај како амбасадор „ќе резултира негативно врз мултиетничките релации во нашава земја и регионот, но и ќе влијае негативно и кон пријателството со Турција“.

Ѓерѓ Дедај предизвика бурни реакции во косовската јавност на крајот на минатиот месец со краток пост на неговиот Фејсбук профил, насловен „Вештерките на Балканот“, во кој рече дека Турција и Србија преку свои емисари се обидуваат да „се вратат“ на Косово и побара „остатоците на овие освојувачи да бидат истребени од Косово и од земјите на Ѓерѓ Кастриот“.
Пратениците од Групата 6+, народни избраници од помалите етнички заедници во косовскиот парламент, минатата недела побараа од премиерот Рамуш Харадинај разрешување на Дедај од функцијата заменик министер, поради неговите навредливи изјави во однос на Република Турција.

„Дедај, со неговите понижувачки изјави, со кои предизвикува раздор, ја навреди турската заедница во Косово“, се вели во писмото на пратениците од помалите етнички заедници кои се дел од владејачката коалиција.

Пет ден подоцна Дедај повторно се огласи на Фејсбук, напаѓајќи ги новинарите што го критикуваа неговиот настап, велејќи дека лажат.

„Турција и Србија цели шест века беа најголемите владетели и варварски освојувачи на албанскиот народ. Вршеа злосторства и геноцид во овие подрачја. Турците и Србите не треба да се чувствуваат горди на тие времиња, туку треба да се дистанцираат од нив и од варварските злосторства. Истовремено, не треба да се чувствуваат навредени кога го нарекуваме шествековниот период така како што го нарекуваме“, напиша Дедај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...