fbpx

Тевдовски: Успешно ги спроведуваме препораките на ЕК за економски реформи

-

Лани имплементиравме најмногу препораки (54,4 проценти) од сите земји аспиранти за влез во ЕУ, рече министерот за финансии Драган Тевдовски во Љубљана каде учествува на конференцијата „Кон подобрени структурни реформи и фискални рамки“, во организација на Центарот за обука во областа на финансиите (ЦЕФ).

„Уверени сме дека таквиот тренд ќе продолжи и во наредниот период и дека дијалогот со Европската комисија ќе биде поттик да дојдеме до најдобрите решенија за земјата“, рече Тевдовски.

На конференцијата беше истакнато дека во процесот на пристапување кон Европската унија, економиите на земјите – аспиранти треба да станат доволно витални за да ги издржат конкурентните притисоци на единствениот пазар на ЕУ. Притоа, како најважни области кои треба да зајакнат беа посочени економското управување, конкурентноста и трговијата. Клучни инструменти на политиката во овој процес се програмите за економски реформи, вклучувајќи ги структурните реформи, со цел да се поттикне растот и конкуренцијата, а истовремено обезбедувајќи фискална дисциплина и одржливост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...