fbpx

Тевдовски: Со новиот закон за јавни набавки, освен цената ќе биде важен и квалитетот

-

Со новиот Закон за јавни набавки, освен цената како најважен услов во распишувањето на тендер за јавна набавка од страна на државните органи, ќе биде важен и квалетитетот рече денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски кој измените на законот ги презентираше пред бизнис-заедницата во Стопанска комора.

– Во согласност со европските правила и практика, новиот Закон дава можност покрај цената, да се вреднува и квалитетот. Притоа, договорниот орган зависно од предметот на набавка, самиот ќе може да утврди дали како критериум ќе ја користи најниската цена, исплатливоста врз основа на животниот век на производот или најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот – образложи Тевдовски.

Со законот, исто така, се воведува задолжителна обврска за објавување на договорите и останатата документација од секоја поединечна јавна набавка на Електронскиот систем за јавни набавки. Намерата е, како што објасни Тевдовски, јавноста да има целосен увид во документацијата од јавните набавки.

Со новиот закон се вградуваат и забелешките на Европската комисија и домашната стручна јавност во поглед на електронските аукции.

Во минатото, како што објасни Тевдовски, задолжителните електронски аукции дале добри резултати во некои случаи, но во одредени постапки довеле до незаконско договарање на понудувачите и пораст на цените во отсуство на вистинска конкуренција.

– Со новиот закон, електронските аукции остануваат, но како опција. Се стеснува употребата на негативните референци согласно укажувањата на деловната заедница и увидените слабости од досегашната пракса. Се разјаснува начинот на вршење на малите набавки и се воведува и обврска за известување за малите набавки  – изјави Тевдовски.

Тој додаде дека ќе се воведе електронски пазар на мали јавни набавки, кој ќе биде во вид на електронски каталог, што ќе овозможи брзо и ефикасно решавање на набавките од мала вредност кои се едноставни по својата природа.

Согласно програмата за реформа на управување со јавни финансии 2018 – 2021, новиот закон за јавни набавки треба да биде усвоен од страна на Собранието до октомври годинава, а да започне да се применува од јануари следната година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...