fbpx

Тевдовски: Шест општини ќе добијат 290 милиони денари за инфраструктура

-

Mинистерот за финансии Драган Тевдовски потпиша договори со градоначалниците на Кавадарци, Кисела Вода, Илинден, Центар Жупа, Желино и Студеничани за подобрување на 20 километри патна мрежа и реконструкција на основно училиште.

Станува збор за 290,7 милиони денари средства за инфраструктурни проекти преку Проектот за подобрување на општински услуги, кој го спроведува Министерството за финансии во соработка со Светска банка. Директен бенефит од овие проекти ќе имаат преку 25.000 граѓани и 70 компании во индустриската зона во Илинден.

Тевдовски најави и дека Министерството за финансии набргу ќе објави нов јавен повик до општините преку Проектот за подобрување на општинските услуги.

-Ќе ги повикам сите општини да аплицираат со капитални проекти на новиот јавен повик на Проектот за подобрување на општински услуги, кој Министерствто за финансии ќе го објави до крајот на месецот. За распределба има околу 8 милиони евра, што значат повеќе километри локален пат, комунална инфраструктура, градинки и други значајни проекти за општините и граѓаните. Ги охрабрувам градоначалниците да аплицираат за овие средства и преку проекти да обезбедат подобри општински услуги за своите сограѓани и за развој на општината – рече Тевдовски.

Проектот за подобрување на општинските услуги Министерството за финансии го спроведува со поддршка на Светска банка и на Европската унија преку ИПА. Само во изминатата година беа спроведени над 70 капитални проекти во повеќе од 40 општини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...