fbpx

Тевдовски: Се намалуваат каматите за кредитите за „Купи куќа, купи стан“

-

Значително намалени каматни стапки за проектот „Купи куќа, купи стан“, нови поволни модели и прецизирање на условите за добивање на субвенциониран станбен кредит, предвидуваат  новите и подобрени услови кај предлог-законот за субвенционирање на станбен кредит, кои се изготвени од Министерството за финансии, а усвоени од Владата.

Денеска министерот за финансии Драган Тевдовски пред Македонската банкарска асоцијација ги презентираше новините во законот.

-Каматните стапки за првиот модел, во кој државата субвенционира дел од месечната рата, ги намалуваме од 3,95 проценти на 2,9 проценти за првите три години. За четвртата и петата година каматите ги намалуваме од 4,44 процент на 3,9 проценти. Ова се во моментот најниски каматни стапки за станбен кредит на пазарот. Намалувањето на каматните стапки значи сериозна заштеда за граѓаните. На пример, за кредит од 50.000 евра, само по основ на камати граѓаните ќе заштедат 1.300 евра- рече Тевдовски и додаде дека се намалува и каматната стапка за моделот „Учество“.

Министерство за финансии предлагаат и нови модели на субвенционирање кои ќе обезбедат подобри услови, особено за младите.

Со моделот „Купи стан за млади“ ќе субвенционираме 70 проценти месечна рата (главнина и камата) во првите пет години или ќе субвенционираме 70 проценти од учеството. Со ова ќе се обезбедат за повисоки субвенции за околу 2.500 евра во однос на порано.

– Одиме и чекор понатаму за поддршка на граѓаните кои планираат да формираат или да го зголемат семејството. Едногодишна субвенција на месечната рата (главнина и камата) во висина од 30 проценти за секое родено или посвоено дете за корисниците на кредитите кои ќе го зголемат семејството  во рок од 10 години од добивање на кредит преку проектот „Купи куќа, купи стан“-рече министерот за финансии Тевдовски.

Министерот посочи дека со измените на законот се прецизираат и условите во проектот, со цел истиот да го искористат оние кои навистина имаат потреба од него. Се воведува ограничување на големината на становите и куќите за да се избегне финансирање на луксуз. Наместо максимум „приходите по основ на плата“, се воведува „максимум по основ на вкупни приходи“. Се уредуваат и случаите кога корисниците поседуваат друг недвижен имот или имаат наследство или дар на делови од станбена единици. Сите овие промени се во насока подобро да се таргетираат оние на кои навистина им е потребна помош, како што истакна министерот.

Претседателот на Македонската банкарска асоцијација Коста Митровски ги повика банките кои не се вклучени во проектот да се вклучат, бидејќи на тој начин ќе се обезбедат подобри услуги за граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...