fbpx

Тевдовски: Преку софтвер ќе се следат обврските на буџетските корисници

-

Министерството за финансии изработи софтвер, преку кој, сите буџетски корисници ќе мора да ги пополнуваат своите неплатени обврски, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за Македонска радио-телевизија (МРТВ).

Тевдовски рече дека е изготвено законско решение кое ќе овозможи, да се има постојан увид на обврските во реално време.

Тевдовски на 20 јули лани, информираше дека долгот на државните инстутиции заклучно со 31 мај годинава изнесува 363 милиони евра. Според него, ова е сериозна бројка на натрупани обврски, ако се има предвид дека дефицитот на Македонија е околу 300 милиони евра.

Уште тогаш Тевдовски најави дека, Министерството за финансии планира надоградба на софтверот за неплатените обврски да бидат системски евидентирани и да се гледаат во реално време.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...