Тевдовски: Помошта од ЕУ годишно изнесува 90 милиони евра


       
Штип, 7 септември, 2018 - 16:09 (META) 

Вкупната помош од Европската Унија за Македонија изнесува 90 милиони евра годишно односно 260.000 евра дневно, со почнување на претпристапните преговори овие средства само ќе растат, порача денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски од Штип, кој градоначалникот на оваа општина го оцени како еден од највредните.

Тевдовски истакна дека речиси секоја недела учествува на настани за изградба на патишта, пречистителни станици, детски градинки, училишта, гранични премини финансирани од европски фондови.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски вели дека градот се развива преку инфраструктурата и најави проекти кои се веќе подготвени и со кои општината ќе аплицира за европски средства.