fbpx

Тевдовски не очекува поскапувања, откако акцизата на нафтата се зголеми за 3,5 денари

-

Министерот за финансии, Драган Тевдовски не очекува поскапувањa на производите по зголемувањето на акцизата на нафтата и нафтените деривати од 3,5 денари, што стапи на сила од вчера.

– Министерството за финансии веќе соопшти дека очекувањата за движење на инфлацијата се 1,7 проценти и во нив е вградено и зголемувањето на акцизата. Апсолутно не очекуваме тоа да предизвика придвижување на цените – рече Тевдовски одговарајки на новинарско прашање, по заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Министерство за финансии.

Вчера, цената на дизел-горивото се зголеми за 3,5 денари, поради поскапувањето на акцизата на нафтата и нафтените деривати. По поскапувањето, дизел-горивото чини 58,5 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...