fbpx

Тевдовски: Наплатата на даноци повисока за 120 милиони евра повеќе од лани

-

Наплатата на даноци и придонеси заклучно со август е повисока за 120 милиони евра во однос на минатата година, вели министерот за финансии Драган Тевдовски. Тој додаде дека даноците и придонесите пораснале за седум проценти во однос на минатата година.

– Наплатата на даноците покажува интензивирање на економската активност. Ова се должи во голема мерка на растот на данокот на добивка, чија наплата е подобра за 25 проценти во однос на лани или за околу 35 милиони евра. Тоа укажува на зголемена активност на фирмите. Исто така има раст на придонесите на седум проценти што укажува дека трендот на раст на плати и нови работни места продолжува и после второто тримесечје. Имено, високата наплата на придонеси во првото полугодие од годинава е поврзано со растот на платите за 5,6 проценти и растот на бројот на работни места за околу 10.000 нови – рече Тевдовски и дополни дека сервисирањето на обврските од државата се одвива непречено.

– Повратот на ДДВ кон фирмите е навремен и неселективен. Од почетокот на годината до крајот на август, во стопанството се вратени 250 милиони евра поврат на ДДВ. Во август имавме извршено најголем поврат во последните години, во износ од 44 милиони евра. Со обезбедување на ликвидност на фирмите, се поддржуваат нивните тековни, но и инвестициски активности. Во овој период се забележува поголема инвестициска активност на компаниите. Имено, ако се анализира увозот, во периодот од јануари-јули 2018, најголем раст од 19,7 проценти се забележува кај секторот машини и транспортни уреди. Овој податок укажува на раст на инвестициите на фирмите во основни средства. Тоа ќе придонесе за раст на економската активност и во иднина, поголемо производство и нови работни места- вели Тевдовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...