fbpx

Тевдовски: Намалување на каматната стапка и проектите ќе ја раздвижат економијата

-

Намалувањето на основната каматна стапка од страна на Народната банка заедно со забрзување на проектите од страна на државата ќе придонесе кон развдижување на економијата и остварување на проектираните стапки на раст, оцени министерот за финансии, Драган Тевдовски.

-НБРМ е независна институција, но она што е наш приоритет е да се зајакнат можностите за приватниoт сектор да се развива, односно да има поевтини извори на кредитирање, подобра деловна клима, а одлуката на НБРМ од вчера е чекор во таа насока – изјави Тевдовски одговорајќи на новинарски прашања по потпишување на спогодба и договор за обезбедување средства за изградба на втората фаза од проектот „Парк на електрични ветерници – Богданци“.

Тој посочи дека каматните стапки биле намалени под три проценти посебно за бизниси што имаат подобри кредитни истории.

За тоа дали очекува банките да ги намалат каматите, истакна дека тоа е деловна политика на банките и додаде дека и во Министерството за финансии се преземени чекори со цел да се овозможат повеќе средства за приватниот сектор преку намалување на каматните стапки на хартиите од вредност што ги издава министерството.

Според него, важно е што во вториот и третиот квартал имаме движење на економијата кое се базира пред се на приватниот сектор, кога економијата била движена поради државната интевенција и државните вложувња.

Инаку, денеска во Министерство за финансии беа потпишани спогодба и договор за обезбедување средства за изградба на втората фаза од проектот „Парк на електрични ветерници – Богданци“.

За реализација на втората фаза од проектот обезбеден е заем во износ од 18 милиони евра во рамки на билатералната развојна соработка со СР Германија, преку КфВ банка, додека ЕЛЕМ ќе обезбеди 3 милиони евра од сопствени средства. За средствата во износ од 18 милиони евра заемопримач ќе биде ЕЛЕМ, додека Македонија ќе издаде државна гаранција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...