fbpx

Тевдовски го презентираше вториот столб од „Визијата за Македонија“

-

Претседателот на комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски, денеска го презентираше вториот столб од изборната програма „Визијата за Македонија“, „Праведна распределба на доходот и извлекување од сиромаштијата“.

– Проблематично е тоа што даноците и социјалните трансфери воопшто не вршат прераспределба на доходот, односно намалување на нееднаквоста во земјава. Долгогодишното постоење голема нееднаквост во тековниот доход, создава огромни разлики во стекнатото богатство помеѓу граѓаните. Мерките што ги предвидуваме во даночниот систем имаат цел поголеми зафаќања од најбогатите, а пониски даноци за сиромашните – рече Тевдовски.

Според него, поголемото зафаќање пари од најбогатите ќе придонесе кон повеќе средства за социјалните случаи, односно за поголеми социјални трансфери.

– На граѓаните кои имаат вкупен месечен личен доход до нивото на законски определената минималната плата, им се враќа износот што како персонален данок на доход претходно бил уплатен од нивните работодавци. Петте проценти граѓани со највисока годишна даночна основица плаќаат повисок данок на доход. Тоа значи дека за големото мнозинство граѓани на Македонија ја укинуваме максималната горна граница за плаќање придонеси на платите, за да го отстраниме регресивното даночно оптоварување кај платите. Потоа даночната стапка на данокот на имот вреден повеќе од 400.000 евра се зголемува за 0,1 процентен поен – рече Тевдовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...