fbpx

Тевдовски: 33,4 милиони долари за грантови за градинки и социјални услуги

-

Грантови за општините за изградба на нови градинки, за реновирање на постоечки и пренамена на постојни објекти во институции за деца на предучилишна возраст, најави министерот за финансии Драган Тевдовски на отворењето на првата градинка во Oпштина Чашка, каде присуствуваше и министерката за труд и социјала Мила Царовска.

Станува збор за проект во износ од 33,4 милиони долари, кој Светска банка, за време на Пролетните средби во Вашингтон, изразила интерес да го финансира.

Освен за изградба и реконструкција на градинки парите од заемот од Светска банка би се користеле и за подобрување на квалитетот на услугите во предучилишните установи, унапредување на наставните програми и обуки на кадрите. Исто така, ќе се доделуваат грантови и за други социјални услуги на локално ниво.

– Во тек е мисија на тимот на Светска Банка за проценка на проектот. Преговорите помеѓу Владата и банката треба да почнат на почеток на јули. За крај на септември се планира проектот да биде одобрен од бордот на директори на Светска Банка. Потпишувањето на договорот треба да се случи на крајот на годинава – изјави Тевдовски и истакна дека затекнати се бројни проблеми во предучилишното образование.

Тевдовски посочи дека во годинешниот буџет има определено значително повеќе средства за блок дотации за детски градинки или околу 1,6 милијарди денари. Предвидени се и средства за 200 нови вработувања во градинките како и за покачување на платите на вработените за 5 отсто, почнувајќи од септември годинава.

„Во буџетот за 2018 има 58 милиони денари за изградба и опремување на детски градинки и објекти за социјална заштита – додаде Тевдовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...