fbpx

Тевдовски: 2017 ќе биде година на пресврт во економијата и за граѓаните

-

Силно ќе ги поддржиме домашните претпријатија за тие да може да се развиваат, да отвораат пристојни работни места и да даваат повисоки плати, истакна претседателот на комисијата за економија и член на извршниот одбор на СДСМ, Драган Тевдовски.

– Испланиравме 140 милиони евра директна државна поддршка на домашните мали и средни претпријатија (МСП). Ќе им овозможиме поголем пристап до финансии, на пример, преку гаранции за кредити или преку инвестициски фонд за вложување во МСП. Ќе го олесниме пристапот на фирмите до јавните тендери, на пример, преку поделба на големите тендери на лотови или преку преферирање домашни производи и услуги – истакна Тевдовски.

Тој додаде дека ќе поддржат отворање на работни места во домашните фирми со издвојување 22 милиона евра, со што ќе се овозможи директно вработување на 16.000 лица на годишно ниво.

– Она што е клучно за фирмите, ќе ги ослободиме од досегашните притисоци и ќе го олесниме нивното функционирање. Нема да има непотребни инспекциски контроли и нарачани казни од илјадници евра. Ќе воведеме јавен регистар на инспекциските контроли, за да се спречат ваквите злоупотреби – додаде Тевдовски.

Тој, исто така, истакнa дека ќе ги вратат долговите на државата кон домашните фирми, а во првите 100 дена јавно ќе објават план со јасни рокови за нивно плаќање така што државата нема да доцни и да ја нарушува ликвидноста на фирмите.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...