fbpx

Теута Арифи ќе побара Владата зимава да го затвори „Југохром“

-

Ако комбинатот „Југохром“ не постави филтри, тогаш зимава треба да биде затворен. Вакво барање до Владата ќе достави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Според неа, неработењето на комбинатот драстично ќе придонесе во воздухот да се намали концентрацијата на честичките штетни по здравјето на тетовци.

– Ќе побараме „Југохорм“ да не работи до март 2017 година, ако не постави филтри. Така граѓаните ќе се заштитат од аерозагадувањето. Но, ќе бараме да се запази и социјалната димензија, односно граѓаните што работат во овој комбинат да имаат месечни примања додека комбинатот не работи и тие примања да ги обезбеди Владата – изјави градоначалничката Арифи.

Таа барањето го кажа на презентацијата на проектот „Градско дрво“, кое ќе се постави во центарот на Тетово и ќе има функција да го прочистува воздухот од штетните материи.

– Градското дрво ќе биде во форма на билборд, кој може да замени 275 дрва. Ваков билборд ќе биде поставен и во Скопје и тој е составен од специфични култури на мовови, кои ќе ја апсорбираат штетната прашина од воздухот – изјави Ана Чоловиќ-Лешоски од невладината организација „Еко свест“, која е иницијатор за спроведување на проектот „Градско дрво“.

И оваа година општинските власти во Тетово не ги решија проблемите со главните емитери на штетни материи во воздухот. Дивата депонија сè уште не е дислоцирана надвор од градот, сообраќајниот хаос и понатаму е присутен, а градежната експанзија полека ги уништува и малкуте зелени површини во градот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...