fbpx

Тетовци жедни, новиот водовод сè уште се гради

-

Граѓаните на Тетово и ова лето ќе го поминат жедни. Новиот градски водовод, иако беше најавено дека ќе се заврши во октомври минатата година, сè уште не е изграден.

Капацитетот на изворите од кои тетовци се снабдуваат со вода за пиење се намалуваат. Кај дел од граѓаните, чешмите веќе секнуваат.

– Веќе се чуствува недостиг од вода за пиење. Летово ќе биде тешко, но веќе се навикнавме. Водоводот се гради две децеении. Секоја година властите велат дека тој проект ќе биде завршен, но од ветеното нема ништо – вели една тетовка.

Дел од граѓаните не веруваат дека новиот водовод, кој треба во градот да донесе дополнителни 200 литри вода во секунда, ќе биде изграден.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, изјави дека за време на нејзиниот мандат, изградени се околу 8,4 километри од трасата на новиот водовод.

Но, во меѓувреме, додека траела градбата, утврдено е дека дел од цевководот во должина од 300 метри, граден за време на минатата локална власт, не е стручно изведен. Поради овој пропуст, според неа, не се оствариле најавите дека проектот нов водовод ќе биде целосно завршен во октомври минатата година.

Таа уверува дека оваа година целосно ќе се заврши водоснабдителниот систем, заедно со пречистителната станица, која моментално се гради во непосредна близина на село Лисец.

– Ние, како локална власт, ќе ги изградиме и тие 300 метри. Се очекува за неколку месеци да се изгради и пречистителната станица и со тоа конечно ќе се заврши прашањето нов тетовски водовод – додаде Арифи.

За пречистителната станица, која ќе гарантира за чиста и безбедна вода, според локалната власт, ќе бидат одвоени речиси 3 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...