fbpx

Тетовци го блокираа патот кон шарпланинските села

-

Дел од граѓаните од стариот дел на Тетово го блокираа патот кој води кон селата од шарпланинскиот масив. Блокадата кај населбата Колтук траеше половина час. Учесниците велат дека се одлучиле на ваков чекор затоа што Општина Тетово сосема го заборавила овој дел на градот, каде нема вода, ѓубрето не се собира редовно и наместо властите, во инфраструктурата колку што можат инвестираат дел од жителите.

– Можеби на овој начин, со блокада, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, ќе ги слушне нашите проблеми. Патиштата ни се во ужасна состојба, немаме вода, улично осветлување. Па и ние живееме во Тетово, но односот кон нас од страна на властите е многу поинаков, како да сме граѓани од втор ред – изјави еден жител од тетовската населба Колтук.

Жителите најавија дека блокадите ќе продолжат и понатаму и ќе траат со часови ако Општината не преземе сериозни чекори за решавање на дел од нивните инфраструктурни и комунални проблеми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...