fbpx

Тетовци дишат екстремно загаден воздух, градските власти ништо не преземаат

-

Концентрацијата на ПМ10-честичките во воздухот изминатото деноноќие во Тетово, трипати достигна 500 микрограми на еден кубен метар, одноно воздухот во Тетово трипати во 24 часа беше за 10 пати позагаден од дозволеното. Критичната аерозагаденост беше регистрирана во 20, 23 и во 24 часот, период кога Тетово беше најзагаден град во Македонија. Мирис на изгорено и зачаденост во воздухот почувствуваа и самите граѓани.

– Многу лошо мирисаше, нè печеа очите, одамна вака не било. Се истопи снегот и толку од чистиот воздух. Само природата и господ може да нè спасат. Очигледно властите не преземаат никакви мерки против загадениот воздух. Ќе ја истуркаме и оваа зима, сме навикнале – вели жителка на Тетово.

Во Тетово цела недела ПМ10-честичките ја надминуваа дозволената концентрација, по што и Министерството за животна средина и просторно планирање алармира на својата интернет-страница дека е надминат прагот, односно дека граѓаните треба да имаат ограничени движења и активности на отворен простор. Тоа особено важи за деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и на крвниот систем, а посебен ризик претставува за болните од белодробна астма, но и за лицата кои својот професионален ангажман го извршуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

Министерството препорачува да не се користат возилата без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време и да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и од мебел, стиропор, ПЕТ-амбалажа, парчиња гума…

Тетовци само четири дена дишеле чист воздух од почетокот на годинава. И покрај ваквата состојба, општинските власти ниту преземаат ниту, пак, дадоа препораки до граѓаните како да се однесуваат во услови на екстремно загаден воздух.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...