fbpx

Тетовскиот смет од утре ќе се транспортира во Русино

-

Блокадата кон регионалната депонија Русино, која изминативе четири месеци важеше за камионите од комуналните претпријатија од полошкиот регион е остранета. На вчерашната средба одржана во Гостивар, Центарот за полошки плански регион ги прифати барањата на жителите од гостиварските села, кои не дозволуваа да се носи сметот до Русино.

– Ги прифативме барањата на жителите од гостиварските села и тие се согласија да ја тргнат блокадата. Дел од тие барања се изградба на патот кој води до Русино и постапка за менаџирање на оваа депонија, која треба да заврши до крајот на јануари идната година. Договорено е отпадот да се носи исклучиво во вечерните часови, а транспортот да се врши со соодветна механизација – изјави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи која раководи со Центарот за полошки плански регион.

Арифи изјави дека тетовскиот отпад во Русино ќе се носи од утре, откако ќе се подготви теренот за складирање на сметот.

Поради блокадата кон Русино, но и отежнатото носење на тетовскиот отпад до депонијата Дрисла, изминатите десетина дена на претоварната станица за смет во Тетово секојдневно се трупаат стотици тони отпад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...