fbpx

Дератизација во Тетово по поминати две децении

-

По повеќе од две децении, почна да се спроведува дератизација на канализацискиот систем во Тетово. Целта е да се намали бројката на глодарите што предизвикуваат заразни болести. Дератизацијата на канализациските мрежи превентивно ќе ја спречи појавата на глодари на јавните површини и во објекти во градот, велат од Центарот за јавно здравје Тетово, кои ја спроведуваат дератизацијата, по претходно склучен договор со Општина Тетово.

– Дератизацијата се врши повеќе од две недели. Формирани се две екипи, кои работат на терен. Досега се истретирани вкупно 1.428 шахти – изјави д-р Дијана Јовановска, директорка на Центар за јавно здравје Тетово. Таа додаде дека е планирано в сабота целосно да заврши дератизацијата, со која ќе бидат опфатени околу 1.600 шахти

– Целта е да се намали бројката на глодари за да не предизвикуваат заразни болести – рече д-р Сузана Субашиќ од Центарот за јавно здравје Тетово.

Центарот за јавно здравје деновиве ќе почне и со дезинсекција во општина Тетово и во општина Јегуновце. Дезинсекцијата ќе се врши во наредните три месеци од земја и од воздух.

– Ние имаме апарат со кој дезинсекција вршиме на ладен начин во ноќните часови, неколку дена во месеците јуни, јули и август – вели д-р Субашиќ.

Јовановска, пак, додаде дека во соработка со Министерството за здравство, ќе се врши и авионско прскање во поплавените подрачја. Дезинсекцијата, според одговорните во Центарот за јавно здравје Тетово, ќе се врши до крајот на август, а дератизација ќе биде спроведена уште еднаш, во октомври.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...