fbpx

Зонското паркирање не го реши недостигот од паркиралишта во Тетово

-

Проблемот со паркирањето во Тетово дополнително се влошува со враќањето на печалбарите во градот, велат тетовци.

– Нема каде да се паркираш, затоа и не користам автомобил. Ако морам, тогаш автомобилот го паркирам на зелени површини и на тротоари. Не е правилно, ама што да правам? – вели еден тетовец.

Според граѓаните, зонското паркирање не го реши нивниот проблем.

– Воведоа зонско паркирање, ама, бадијала, само на неколку улици, треба зонското да се прошири и на другите улици и булевари и да се изградат катни гаражи, така градот ќе го реши проблемот со паркирањето – додава една тетовка.

Од Јавното претпријатие „Градски паркинг“ велат дека поради недостиг од паркиралишта, додека трае училишниот одмор, тетовци можат да ги паркираат своите возила во дел од дворовите на училиштата. Тие велат дека се размислува и за трајно решение на проблемот со паркирањето.

– Наскоро се очекува да се воведе зонско паркирање во уште неколку улици во градот, а во зависност од финансиската состојба на нашето претпријатие. Се планира и изградба на катни гаражи и на затворени паркиралишта во повеќе делови од градот – изјави Фејсел Беадини, директор на Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...