fbpx

Тетовец заболен од маларија хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести

-

Дваесет и четиригодишен тетовец со маларија е хоспитализиран во карантинската соба на Клиниката за инфективни болести, пренесе „Здравство 24“.

Болеста ја донел од Мали, каде работел неколку месеци. Првите симптоми ги добил во Тетово и побарал помош на инфективното одделение во тетовската болница. По прегледот веднаш бил препратен за Скопје, каде му ја дијагностицирале најтешката форма на маларија. Здравствената состојба му е подобрена со земање на неопходната терапија. Во епидемиолошката анкета тетовецот кажал дека воопшто не пиел антималарици пред да замине во Африка.

Оваа година регистрирани се пет лица заболени од маларија на возраст од 21 до 35 години.

Маларијата е инфективна болест што ја предизвикува мал паразит наречен пласмодум (Plasmodium). Има вкупно четири видови од овој паразит.

Преносник на овој паразит, а и на самата болест, е женката од еден вид тропски комарец – анофелес (Anopheles), која со убод го внесува паразитот во човекот. Бидејќи ларвите на комарецот сè до излегувањето од лушпата се наоѓаат под вода, главно во мочуришта, маларијата е најраспространета во мочуришните подрачја. Паразитот се размножува во црвените крвни клетки, а во најтешките случаи предизвикува кома и смрт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...