fbpx

„Тесла моторс“ на секој продаден „модел с“, губи по 4.000 долари

-

Светскиот гигант за електрични автомобили „Тесла моторс“ произведува возила кои станаа препознатлив бренд, но како што пренесува „Ројтерс“, оваа калифорниска компанија, на секој продаден „модел С“ губи по 4.000 долари.

Како што се наведува во извештајот на „Ројтерс“, компанијата „Тесла“ ги намалила производствените цели за 2015 и за 2016 година, а засега е концентрирана на собирање дополнителен капитал.

Фирмата на Илон Маск и понатаму произведува само еден модел, „модел С“, а за време на вториот квартал во 2015 година испорачани се 11.532 парчиња од овој луксузен автомобил.

Во овој период, компанијата забележала оперативна загуба од дури 47 милиони долари, а во меѓувреме, во завршна фаза е работата на „модел Х“ СУВ, кој на пазарот ќе излезе следната година, додека „модел 3“ се очекува во 2017 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...